Црквата Св.Димитрија е изградена на постаро култно место, во почетокот на ⅩⅨ век. При изградбата се користени камен и малтер. Во внатрешниот дел на ѕидовите има фрески чиј автор и не е познат. Во самиот двор се наоѓаат една административна зграда и висока камбанарија. На источната страна, до апсидата, се наоѓа гробот на архиепископот на Македонската православна црква, неговото блаженство г.г. Ангелариј, а внатре во храмот е гробот на архиепископот г.г. Доситеј.
ЦРКВАТА СВЕТИ ДИМИТРИЈА
